• Иван Димовски

Дербито на 20. коло во Првата македонска лига ќе се одигра крај Охридското езеро, бидејќи Струга Трим Лум го дочекува Вардар.
„Црвено-црните“ во оваа средба доаѓаат по Куп-елиминацијата од Охрид, па со сигурност имаат мотиви да се вратат на победничките патеки. Пред гостувањето кај стружани своите очекувања ги сподели играчот кој во минатото го носеше дресот на овој клуб, Немања Босанчиќ.
„Денес мора да одиграме на највисоко ниво како би се рехабилитирале колку толку по она што ни се случи во Купот на Македонија. Теренот во Струга, Трим Лум како противник е тежок сериозен, но ние веруваме во нашите способности. Со победа добиваме многу, и затоа ќе направиме се за да ги однесеме трите бода за Скопје“, изјави Босанчиќ.
Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Струга се игра во терминот од 14:00 часот. Ова е важен натпревар бидејќи Струга со евентуална победа ќе се врати во трката за титулата, а ако победи Вардар ќе избега на огромни 12 бода предност.






