ВИДЕО: Борусија убедливо се врати на победите, Баерн слави кај Хофенхајм

Фаворитите одиграа според планот во 11. коло на германската Бундеслига. Немаше поголеми изненадувања и водечките ги оправдаа своите улоги во стандардниот германски термин. 

Екипата на Борусија Дортмунд на убедлив начин се врати на победите, откако со 5-0 го совлада Штутгарт на „Сигнал Идуна Парк“. Домаќинот тргна фуриозно, веќе во втората минута поведе преку Џуд Белингем, а потоа во 13. Никлас Зуле зголеми на 2-0. До полувремето меѓу стрелците се впиша и Џовани Реина, па јасно беше дека бодовите ќе останат во Дортмунд. Во продолжението триумфот го потврдија младите Белингем со својот втор гол и Мукоко во 72. минута.

  • Борусија Дортмунд - Штутгарт 5-0:

За едно полувреме победата ја обезбеди Баерн Минхен на гостувањето кај Хофенхајм (0-2). Средбата во Зинсхајм ја решија Џамал Музиала и Ерик Чупо-Мотинг со погодоците во 18. и 38. минута. Домаќинот на „ПреЗеро Арена“ немаше сили за кам-бек и го положи оружјето пред шампионот. 

  • Хофенхајм - Баерн Минхен 0-2:

Фрајбург прокнижи три бода на домашниот меч со Вердер Бремен (2-0). Гостинот многу рано доби црвен картон, а потоа немаше сили да парира кај фаворитот. Кублер и Грифо беа стрелци на погодоците за Фрајбург, радувајќи ја домашната публика. 

  • Фрајбург - Вердер Бремен 2-0:

Останатите два натпревари завршија со реми исходи на Аугсбург и РБ Лајпциг (3-3), како и Леверкузен со Волфсбург (2-2). 

  • Аугсбург - РБ Лајпциг 3-3:

Попладнево се игра дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт.

Состави

Edin Terzic

4-2-3-1

    Бруно Лабадија

    3-5-2