ВИДЕО: Борусија со пресврт против Ајнтрахт го завери второто место

Борусија Дортмунд го потврди второто место во Бундеслигата, откако во 33. коло славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 3-2 на „Сигнал Идуна Парк“.

Гостите од Франкфурт поведоа уште во втората минута преку Јилмаз Џан Узун, но „милионерите“ до паузата направија целосен пресврт. Прво Серху Гираси израмни во 42. минута, а Нико Шлотербек во судиското продолжение од првиот дел донесе водство за тимот на Нико Ковач.

Во второто полувреме Борусија продолжи да напаѓа, а Инсио во 72. минута со атрактивен погодок зголеми на 3-1 и практично го реши победникот. Ајнтрахт успеа само да го ублажи поразот преку Џонатан Буркарт во 87. минута, но немаше сили за целосен камбек.

  • Извештај од натпреварот:

Со оваа победа Борусија го завери второто место на едно коло пред крајот на сезоната, додека Ајнтрахт остана на осмата позиција на табелата.