• Иван Димовски

Борусија Менхенгладбах минимално слави над Вердер Бремен (1-0), во пресметката од 17. коло на Бундеслигата. Дуелот на „Борусија Парк“ беше изедначен и двата тима имаа свои шанси, но домаќинот ја искористи својата и еден гол беше доволен да го реши мечот.
- Извештај од натпреварот:
Првата закана ја имаше Ханес Волф, чиј удар беше блокиран, додека Вердер се обиде преку Шмид и изнуди неверојатна парада од Зомер. До полувремето истиот фудбалер имаше нова шанса за гостите, тогаш од гол аут линијата реагираше еден од дефанзивците и го спаси својот гол.
Вториот дел тргна бавно, без преголеми ризици. Борусија стигна до предност преку Нико Елведи кој во 66. минута стрела за 1-0. Бенес одлично нафрли од слободен удар, а стоперот на Менхенгладбах во одличен скок со глава го матира Павленка. Резултатот можеше да биде и удвоен, ама ударот на Бенес беше блокиран.
На спротивната страна во самиот финиш двојна шанса испуштија Рашица и Битенкурт, па Вердер не успеа да се врати и загуби на ова гостување.