ВИДЕО: Борусија слави во Фирт, „фармацевтите“ го потврдија учеството во ЛШ

Борусија

Последнопласираниот Гројтер Фирт не успеа да направи изненадување и загуби од Борусија Дортмунд (1-3) во натпревар од претпоследното коло од Бундеслигата. Фаворитот дозволи кратка надеж за домаќинот, а потоа со втор гол ја запечати победата.

  • Гројтер Фирт - Борусија Дортмунд 1-3:

Кризата на „милионерите“ заврши овој викенд. Јулиан Брандт беше човекот кој го отвори резултатот. Одговорот на домашните фудбалери пристигна во период кој донесе три гола за само седум минути. Израмни Нганкам, а потоа Брандт одново ја врати предноста кај Борусија. За да нема никакви дилеми се погрижи Паслак, кој со помош на противнички играч го постави конечниот резултат. 

  • Хофенхајм - Баер Леверкузен 2-4:

Баер Леверкузен направи пресврт кај Хофенхајм (2-4) и го завери местото во Лигата на шампионите наредната сезона. Долго време домашниот тим имаше контрола врз резултатот, а потоа Диаби и Шик за три минути обезбедија цел плен за „фармацевтите“ во завршниот дел од мечот, кој беше потврден од Аларио.

  • Фрајбург - Унион Берлин 1-4:

Унион Берлин го искористи киксот на Келн и скокна на шестото место на табелата со убедливото издание на гости кај Фрајбург (1-4). „Јарците“ одиграа лош натпревар пред своите гледачи и минимално беа поразени од Волфсбург (0-1).

Состави

Stefan Leitl

3-4-3