Борусија по рецепт на РБ Лајпциг сака да го задржи Халанд уште најмалку една година 

Халанд

Очекувањата на фудбалската јавност по крајот на сезоната се дека Ерлинг Халанд ќе облече дрес на некој поголем клуб од Борусија Дортмунд, но германскиот клуб нема намера да се откажа така лесно од својата прва ѕвезда. 

Последните информации кои што доаѓаат од Германија велат дека клубот од „Сигнал Идуна Парк“ ќе инсистира на одложување на можноста за негово заминување наредното лето доколку некој плати 76 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула. Ќе се обидат да го одложат за најмалку една година, до летото 2023 година, но ќе треба да одвојат значителни средства.

Инспирација добија од договорот што РБ Лајпциг го имаше со дефанзивецот Дајот Упамекано, кому му беше одложена можноста за напуштање на клубот за дванаесет месеци.

Оттука, Борусија е подготвена да му понуди на Норвежанецот двојно поголема плата и наместо сегашните девет, да понуди 18 милиони евра годишно. Халнд и оваа сезона игра во одлична форма и запиша 13 гола со четири асистенции во сите натпреварувања, но во моментов е повреден и е надвор од стројот на својот тим.