ФОТО: „Борусија парк“ исполнета среде пандемија, секоја чест за фановите од Менхенгладбах!

Единствениот натпревар од 27. коло на Бундеслигата на кој трибините не се празни се игра на „Борусија парк“ во Менхенгладбах. Имено, клубот пронајде начин како да ги исполни трибините и да собере пари за добротворни цели од фановите.

Навивачите на Борусија Менхенгладбах учествуваа во акцијата и за нешто помалку од 20 евра добија своја картонска макета на трибините на „Борусија Парк“.

На стадионот се поставени 20.000 картонски исечоци со ликовите на најверните навивачи кои парично го потпомогнале клубот и помогнале да заживее иницијативата која служи во добротворни цели.

Натпреварот Борусија Менхенгладбах - Баер Леверкузен со сигурност ќе привлече најголем интерес од програмата во второто коло по рестартот на Бундеслигата.