ВИДЕО: Борусија незадоволна од одлуката, дали судијата оправдано го поништи овој гол?

Белингам

Борусија Дортмунд одигра солидни 90 минути во кои на крај немаше среќа да замине непоразена од „Итихад“.

Манчестер Сити победи со погодок во самата завршница, откако Фил Фоден обезбеди минимална предност за реваншот. Судијата Овидиу Хатеган од Романија беше мета на критика по мечот, поради одлуката да поништи гол на „милионерите“.

Младиот Џад Белингам прв стигна до топката пред голманот Едерсон. Арбитарот спречи негова радост поради опасна игра и фаул врз домашниот чувар на мрежата.

  • Поништениот погодок на Белингам:

Реакции имаше од сите страни, особено од германските медиуми. Тие веруваат дека одлуката е престрога и дека погодокот требаше да важи.