Борусија Менхенгладбах му го продолжи договорот на Јан Зомер

Бундеслигашкото изненадување оваа сезона, екипата на Борусија Менхенгладбах го продолжи договорот со швајцарскиот голман Јан Зомер до јуни 2023 година. Зомер игра за тимот од Менхенгладбах од 2014 година, а кариерата ја започна во Базел.

„Јан совршено ни одговара во нашиот стил и е еден од најдобрите голмани во Европа. Тој е врвен голман и одлично се вклопува во составот“, рече спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл.

Швајцарецот пристигна на „Борусија Парк“ како замена за Марк-Андре Тер Штеген, кој се пресели во Барселона пред пет години.

Иако не е стандарден голман на националниот тим, Зомер во Бундеслигата брани одлично во континуитет и е важен дел од тимот на новиот тренер Розе.