Борусија Менхенгладбах конечно пронајде замена и го пушти Зомер во Минхен 

Поради повредата на Мануел Нојер, Баерн Минхен тргна во речиси панична потрага по голман, а изборот дефинитивно падна на Јан Зомер.

Швајцарскиот репрезентативец и голман на Борусија Менхенгладбах, од овој јануари ќе застане на гол-линијата на минхенскиот клуб. Баерн нудеше осум милиони евра плус уште еден милион преку бонуси, но Борусија Менхенгладбах не го пушташе сè додека не најде соодветна замена. На крај ја прифатил понудата, бидејќи добил „зелено светло“ за доаѓањето на Јонас Омлин.

Зомер е во Менхенгладбах осум и пол години, а на „Алијанц Арена“ ќе биде до 2025 година, барем според условите во овој договор.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.