Борусија и Халанд продолжија со рушење рекорди

Борусија Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд на убедлив начин освои три нови бода во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт.

Меѓу стрелците на погодоците во победата од 4-0 одново се најде новото засилување Ерлинг Халанд. Норвежанецот погоди за 3-0 и испиша историја во Бундеслигата. 19-годишникот стана првиот фудбалер со осум погодоци на првите пет настапи во германското првенство.

Покрај него, рекордно достигнување оствари и екипата. Голгетерскиот учинок од 63 гола на 22 одиграни меча е идентичен на оној на Баерн Минхен од сезоната 1973/74 и Хамбургер од 1981/82.

„Милионерите“ играат одлично во тековната сезона, но и покрај тоа заостануваат зад водечкиот Баерн Минхен.