• Саше Љолес
Управата на Борусија Дортмунд официјално го потврди трансферот на Валдемар Антон, кој пристигнува од редовите на Штутгарт.
Се работи за 27-годишен стопер со големо искуство во Бундеслигата. Во дресот на „швабите“ настапуваше четири сезони и одигра вкупно 196 натпревари. Се очекува да биде солидно засилување за одбраната која остана без услугите на искусниот Матц Хумелс.
Родениот Узбекистанец ја започна кариерата во екипата на Хановер, а минатата сезона беше интегрален дел од одбраната која беше втора најдобра во Бундеслигата, веднаш зад шампионскиот тим на Баер Леверкузен.