Борусија Дортмунд потврди: Санчо станува третиот најскап играч на Јунајтед!

Само еден ден откако бројни германски и британски медиуми објавија дека Џејдон Санчо е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, денес пристигна потврдата и од Борусија Дортмунд. 

Бундеслигашот пред денешната официјална промоција на новиот стратег, Марко Розе, потврди дека младиот англиски репрезентативец го напушта клубот и се враќа во Манчестер. Трансферот на 21-годишниот офанзвиец ќе го чини Јунајтед 85 милиони евра, со што Санчо ќе стане третиот најплатен фудбалер на „ѓаволите“, по Пол Погба и Хари Мегвајер.

Џејдон Санчо дресот на Борусија Дортмунд од 2017 година, а претходно настапуваше за Вотфорд и Манчестер Сити. За репрезентацијата на Англија крилниот играч досега одигра дваесер натпревари и моментално е во ростерот на Герет Саутгејт за настапите на „Гордиот Албион“ на Европското првенство.