Борусија Дортмунд посакува напаѓач на Манчестер Јунајтед

Раководството на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд покажа голем интерес за шведскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони Еланга.

Германските медиуми пренесуваат дека клубот од Дортмунд ќе се обиде барем да го позајми 20-годишниот напаѓач до крајот на оваа сезона. За неговите услуги е заинтересиран и Евертон.

Младиот шведски напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ како 12-годишник од Малме. Досега запиша 47 настапи за првиот тим на „црвените ѓаволи“ и постигна четири гола, додека за шведската репрезентација запиша девет настапи и еден гол.

Борусија моментално е на шестото место во германскиот шампионат со 25 бодови, девет помалку од водечкиот Баерн.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.