Борусија Дортмунд покажа големина: Од чистачка до менаџер, сите на „Вембли“

Борусија Дортмунд следната сабота на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот гигант покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.

Раководството ги извести сите членови на клубот (519), дека ќе бидат специјални гости на мечот за титулата. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија. На трибините ќе бидат сите од чистачката до менаџерот.

На овој начин клубот сакаше да ја изрази својата благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија. Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.

Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година, кога беше поразена од Баерн, и тоа токму на „Вембли“.