• Горан Упале

Фудбалерите на Борусија Дортмунд по вторпат оваа сезона му зедоа скалп на Баер Леверкузен и запишаа значајна победа во битката за шампионската титула во Бундеслигата. Натпреварот ќ се памети и по тоа што Себастијан Але првпат настапи како стартер по враќањето од болеста и двете операции.
Со вечерашните три бода, освоени по триумфот од 0-2 (0-1), „милионерите“ се искачија на четвртата позиција на табелата во германскиот шампионат и сега имаат само три бода помалку од лидерот Баерн Минхен, кој и ова коло не победи (три реми исходи во низа).
- Баер Леверкузен - Борусија Дортмунд 0-2:
„Жолто-црното“ славје на „Баер Арена“ го најавија во 33. минута, кога Адејеми на асистенција на Брандт го совлада домашниот голман, додека конечните 0-2 ги постави Тапсоба со автогол на стартот од вториот дел.
Во следното коло Борусија Дортмунд ќе се сретне со директниот ривал за највисок пласман, Фрајбург, а Баер го чека гостување кај Аугсбург.
- Шалке 04 - Аугсбург 0-0:
Попладнево се одигра уште еден натпревар во Бундеслигата, на кој Шалке 04 и Келн одиграа непопуларно реми без голови (0-0).