ВИДЕО: Борусија Дортмунд од 0-2 до пресврт-победа против Бохум!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се радуваа на пресврт победа на домашниот меч против Бохум (4-2), во рамките на петтото коло на Бундеслигата. Гостинот на „Сигнал Идуна Парк“ отвори перфектно, бидејќи поведе со 0-2 и изгледаше добро, меѓутоа тогаш се разбуди машинеријата на европскиот вицепрвак. 

  • Извештај од натпреварот:

Бохум со два гола во пет минути дојде до двојна предност. Беро во 16. минута го отвори резултатот, а потоа Де Вит удвои на 0-2. До полувремето „милионерите“ успеаја да вратат половина од негативата. Серху Гираси погоди во 44. минута за 1-2. 

Во продолжението Борусија доби и казнен удар по еден час игра. Одговорноста ја презеде капитенот Емре Џан и израмни на 2-2. Следеше период со доста измени на двете страни. Потоа во 75. минута со својот втор погодок предност донесе Гираси (3-2). Шест подоцна Феликс Нмеча успеа да го матира гостинскиот голман и го постави конечниот резултат (4-2). 

Со оваа победа Борусија го надмина минатонеделниот дебакл од Штутгарт (5-1). 

Состави

Нико Ковач

4-2-3-1

    Dieter Hecking

    4-4-2