Лудило во Дортмунд: Досаден фудбал, па четири гола во завршницата и шок за домаќините! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд приредија вистинско разочарување за своите навивачи, откако испуштија предност од 2-0 против Вердер Бремен и одигра 2-2 (0-0) во петтото коло од Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот на Нико Ковач долго време ја контролираше играта, а предноста ја обезбедија Даниел Свенсон во 80. минута и Нико Шлотербек во 85. минута. Се чинеше дека домашните сигурно ќе ги освојат трите бода, но следуваше неверојатен финиш. Лудовит Рајс намали на 2-1 во 88. минута, а во судиското продолжение Никлас Фулкруг донесе голем бод за гостите од Бремен за конечни 2-2.

Со ова реми, Борусија Дортмунд привремено се одлепи на три бода пред Баерн Минхен. Тимот на Ковач има 13 бода по пет кола, додека баварскиот гигант има 10 бода од четири натпревари.