Борусија Дортмунд договори уште едно домашно засилување

Екипата на Борусија Дортмунд, откако ја загуби битката со Баерн Минхен за шампионскиот трофеј во Бундеслигата, веднаш се фати за работи и за само неколку дена договори две големи засилувања. 

Прв кој пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ беше братот на Един Азар, Торган, кој дојде од Борусија Менхенгладбах, додека „милионерите“ денес го обезбедија и потписот на Нико Шулц од Хофенхајм. 

Геранскиот репрезентативец потпиша договор на пет години, а сега веќе неговиот поранешен тим од овој трансфер ќе инкасира 25 милиони евра. 26-годишниот лев бек во својата кариера ги носеше дресовите на Херта, Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм, а за националниот тим одигра шест натпревари и веќе постигна два гола. 

Борусија Дортмунд ја напушти само еден фудбалер досега оваа пролет, Кристијан Пулишиќ кој потпиша за Челзи.