Борусија Дортмунд без капитенот Ројс и на гостувањето во Данска во ЛШ

Борусија Дортмунд ќе настапи без капитенот Марк Ројс на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Копенхаген во среда.

Ројс утрово не отпатува со тимот за Данска. Искусниот крилен напаѓач е надвор од терените четири недели поради контузија на зглобот заработена во септември, но и поради вирус.

Иако се шпекулираше дека може да се врати за овој натпревар, тоа нема да се случи. Ројс најверојатно ќе го пропушти и следниот натпревар на Борусија во Бундеслигата, за да биде целосно подготвен за подготовките на германската репрезентација за Светското првенство во Катар, кое започнува на 20 ноември.

Инаку, Борусија Дортмунд веќе е пласирана во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во последното коло ремизираше со Манчестер Сити, со резултат 0-0.