• Горан Упале
По шест кола без победа, фудбалерите на Борнмут конечно ги израдуваа своите фанови со три бода во Премиер лигата. Во последниот натпревар од 32. коло во англиската фудбалска елита „црешите“ на својот „Виталити“ со минимални 1-0 го совладаа незгодниот Фулам и со тоа ги задржаа шансите во трката за излез на меѓународна сцена идната сезона.
- Извештај од натпреварот:
Одлучувачкиот момент на натпреварот во јужна Англија се случи уште во првата минута, откако Семењо со својот осми овосезонски погодок ја стресе гостинската мрежа и на Фулам му го нанесе десеттиот овосезонски пораз во Премиер лигата.
Со вечерашните три бода Борнмут го надмина токму Фулам на табелата и сега е на осмото место со ист број бодови како лондончани и Брајтон.
Во следното коло Борнмут патува во Лондон кај Кристал Палас, додека Фулам го игра малото градско дерби со Челзи.