Борнмут купуваше од Барселона, го договори потписот на Хулијан Араухо

Мексиканскиот фудбалер Хулиан Араухо потпиша петгодишен договор со Борнмут, соопшти англискиот клуб. Араухо (23) досега беше член на Барселона, а минатата сезона ја мина на позајмица во Лас Палмас.

Британските медиуми пренесуваат дека англискиот клуб за овој трансфер издвоил околу 10 милиони евра.

„Араухо е млад играч со голем потенцијал и среќен сум што го обезбедиве неговиот потпис“, изјави извршниот директор на Борнмут, Нил Блејк.

Овој викенд започнува новата сезона во Премиер лигата, а Борнмут на 17 август ќе му гостува на Нотингем Форест.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.