ВИДЕО: Борнмут и Хоув пак ги собраа симпатиите, на гости го изненадија Саутемптон!

Со атрактивен фудбал, многу возбудувања и четири гола во режија на фудбалерите на Саутемптон и Борнмут, стартуваше шестото коло на Премиер лига. 

Екипата предводена од фантастичниот Еди Хоув, продолжува да изненадува оваа сезона во англиската елита и ја забележа својата трета, а втора победа на гости во Премиер лигата, откако со 1-3 (0-2) славеше на дуелот со Саутемптон. 

  • Извештај од натпреварот: 

Малиот клуб од југот на Англија повторно ги освои симпатиите на неутралните фанови на англискиот фудбал и повеќе од заслужено собра три бода од тешкото гостување на „Сент Мери“.

Прашањето на победникот на мечот беше решено уште по првите 45 минути, по кои Ејк и Вилсон донесоа комотни 0-2 за Борнмут, предност која во вториот дел домаќините успеаја само да ја намалат преку Џејмс Вард-Праус. Но, Вилсон со својот втор вечерашен погодок ги постави конечните 1-3.

Борнмут во следното коло го очекува нов тежок дуел, овој пат дома против Вест Хем, додека Саутемптон гостува кај големиот фаворит Тотенхем.