• Зоран Мишевски
Премиерлигашот Борнмут приреди големо изненадување и лесно го совлада Милан со 3-0 (2-0) во дуелот од третото коло од Лига Европа.
Во седмата минута по преглед на ВАР ситуација досуден беше пенал во корист на Борнмут. Одговорноста ја презеде Џастин Клајверт, кој беше прецизен од белата точка и го отвори резултатот.
Во 26. минута голманот на Милан, Мајк Мењан, заработи директен црвен картон заради удар врз противнички фудбалер. По оваа ситуација и ВАР проверката, досуден бешењ нов пенал за домашните фудбалери. Маркус Таверние го изведе пеналот во 31. минута и успешно го реализираше за водство од 2-0.
- Борнмут - Милан 3-0:
Со човек помалку Милан ништо не можеше да стори по англискиот дожд и дури и не креираше шанси за враќање во натпреварот. Амин Адли со прекрасен гол во финишот ги постави финалните 3-0. Ова е втор пораз за тимот на Аморим, што е веќе аларм на криза и проблеми за италијанскиот гигант.
- Селтик - Селта Виго 1-2:
Никола Серафимов остана на клупата, а Левски забележа голема победа на теренот Викторија Плзен (1-2). Максимална во Лига Европа остана Бенфика, која на Кипар ја надигра Омонија со 1-4, а меѓу стрелците се запишаа Павлидис и Престиани.
Реал Сосиедад на гостински терен славеше против Лилестром со 0-6, а двоен стрелец беше Серхио Гомез. По домашниот пораз од Јуве на победите им се врати Селта Виго, која во Шкотска го совлада Селтик со 1-2. Хавиер Родригез Калањо ги постигна двата гола за гостите од Галиција. Лион претрпе убедлив пораз во Хофенхајм со 3-0, а головите за бундеслигашот ги постигнаа Крамариќ, Дагим и Хлозек. Олимпијакос ја доби Спарта со 1-0.
- Хофенхајм - Лион 3-0:
Андерлехт освои три бода во Полска против Јагелонија (0-3), а Салцбург освои само бод во Целје (2-2). Со поделба на пленот заврши и дуелот на „Водафон парк“ во Истанбул меѓу Бешикташ и Кристал Палас.
- Бешикташ - Кристал Палас 2-2:
Следното четврто коло од Лига Европа се игра за две недели.








