Борнмут го договори Симон Мињоле од Ливерпул

Премиерлигашот Борнмут ги договори сите детали со голманот од Ливерпул и белгиската репрезентација, Симон Мињоле и смао уште договор меѓу клубови недостасува за официјализација на трансферот. 

Белгискиот голман сезонава запиша само два настапи во дресот на Ливерпул, но и покрај тоа Борнмут би платил 15 милиони фунти и биму понудил сигурно место меѓу стативите. Босанскиот интернационалец Асмир Беговиќ ќе си замине од клубот, а слична судбина го чека и 39-годишниот Артур Боруч.

Ливерпул сигурно ќе ангажира резервен голман, а Клоп смета дека тој треба да е млад чувар на мрежата кој ќе учи од незаменливиот Алисон.