ВИДЕО: Борјан ја спаси Звезда во 94. минута, коментаторот „полуде“ по оваа интервенција

Црвена Звезда славеше на домашниот дуел со Гент (2-1) и пред празните трибини на „Маракана“ се приближи чекор повеќе до европска пролет. 

Канга и Катаи стрелаа за Звезда, додека Оџиџа Офое погоди за Гент, ама во самиот финиш, голманот Милан Борјан беше вистински херој на српскиот тим. Во 94. минута, сам на петерецот се најде Роман Јаремчук и биеше со глава, ама капитенот на Црвена Звезда одбрани. 

  • Одличната интервенција на Милан Борјан:

Српскиот коментатор „полуде“ по одбраната на Борјан, кој бурно го прослави триумфот на Црвена Звезда.