Борјан до крајот на кариерата на голот на Црвена Звезда

Милан Борјан реши да соработува со Црвена Звезда уште четири години, до летото 2026 година.

Голманот на актуелниот шампион на Србија и репрезентативен чувар на мрежата на Канада тогаш ќе има 38 години, па сосема е јасно дека ќе му се исполни желбата која неколкупати ја спомна - кариерата да ја заврши во „црвено-белиот“ дрес.

Борјан во Звезда пристигна во летото 2017 година, што значи дека до 2026 година во клубот ќе мине вкупно девет години. Досега за Црвена Звезда бранел 231 пат, а 113 пати ја сочувал својата мрежа.

Со новиот потпис канадскиот голман влезе во друштвото на легенди на Црвена Звезда со најдолг стаж во белградскиот гигант.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.