Борис Џонсон најави: Тренинзи од 18 мај, Премиер лигата продолжува на 12 јуни

Фудбал ќе има ова лето во Англија, а од денес познати се и термините кога клубовите се враќаат на тренинзи и натпревари. Англискиот премиер Борис Џонсон го означи 12 јуни како неофицијален датум за продолжување на Премиер лигата и останатите спортски активности во земјата.

Клубовите од англиската Премиер лига веднаш изготвија план и програма за доигрување на сезоната. Екипите на тренинзи ќе се вратат на 18 мај. 

Планирано е на 12 јуни, кога ќе почне сезоната да се игра по моделот „среда-сабота“, со цел да се заврши што е можно побргу сезоната која беше прекината поради пандемијата на вирусот ковид-19.

Англиските клубови од Премиер лигата ќе поделат милијарда фунти за последната третина од сезоната. Некои клубови од овој „колач“ од ТВ-правата гледаат егзистенција.