Борец убедлив со Македонија ЃП, го донесе и Ракипи од Шкендија

Екипата на Борец од Велес ја одигра последната пријателска средба во Македонија пред заминувањето за Анталија и убедливо славеше над Македонија Ѓорче Петров (4-0).

Тренерите Левков и Муарем ги испробаа сите играчи и им дадоа шанса за минутажа. „Лавовите“ имаа шанса да поведат први во 8. минута, но промашија пенал, па примија четири погодока од велешани. Стрелци за Борец на овој натпревар беа Нехар Садики, Џемаил Ибрахимовиќ, Александар Ѓоргиевски и Крста Ѓорѓевиќ.

Новост во тимот на Борец е и засилувањето Октај Ракипи, 18-годишен играч од средниот ред кој доаѓа на позајмица од Шкендија и ќе биде во Велес во следните шест месеци.

Борец утре заминува за Анталија каде ќе одигра неколку пријателски средби и ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк