Борец со задача да ги сопре залетаните „лавови“ во Велес

Вториот овосезонски репрезентативен прозорец е зад нас, па фудбалерите им се враќаат на прволигашките возбудувања. На програмата е деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, а едно од двете денешни дерби средби се игра во Велес, каде домашната екипа на Борец ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров. 

Со оглед на досегашните резултати и позицијата на табелата на девет екипи, попладнево очекуваме вистинска битка за бодови во Велес. „Лавовите“ се во далеку подобра ситуација, затоа што се во серија од три победи во низа, но велешани по ремито со Работнички и поразот од Шкупи, сигурно посакува излез од мини-кризата и враќање на победничките патеки. 

Во последните години двете екипи имаат одиграно само три натпревари и скорот е израмнет, но Борец нема победа на свој терен, па ова ќе биде дополнителен мотив на момците на Горазд Михајлов да ги запишат посакуваните три бода.

  • Последните натпревари меѓу Борец и Македонија ЃП:

11.03.20 ПМФЛ Македонија ЃП - Борец 0-2
09.11.19 ПМФЛ Борец - Македонија ЃП 1-1
14.09.19 ПМФЛ Македонија ЃП - Борец 3-1

По осум одиграни кола во ПМФЛ, Македонија ЃП е на третата позиција со 16 бода, додека Борец е четврти со 12 бода.