Борец сигурен во Неготино, Саса го изненади фаворитот Тиквеш

Денес се одиграа четири натппревари од 22. коло во ВМФЛ-Исток.

Лидерот Борец немаше големи проблеми на гостувањето кај Вардар Неготино и запиша нова убедлива победа (0-4). Ѓорѓи Ѓорѓиев со два гола го најави одличното издание на гостите кои во вториот дел ги заокружија трите нови бода преку Марко Ѓорѓиевски и Симеон Христов.

Големо изненадување се случи на дуелот Саса и Тиквеш, на кој фенерџијата успеа да освои бод против фаворитот (1-1). Домаќинот поведе рано со голот на Зоран Златковски, но не успеа да ја задржи предноста до крај за трета сезонска победа. Во надополнувањето, Дарко Илиески израмни и донесе бод за гостинската екипа

Екипата на Брегалница ја оправда фаворитската улога на домашен терен и го совлада Детонит Јуниор (3-0). Трифуновски, Илиев и автоголот на Јанев беа реализатори на головите на денешната средба во Штип.

Последниот меч донесе радост за Плачковица на гостувањето кај Партизан Обршани (0-2). Отпорот на домаќинот беше скршен во вториот дел преку Нешовски и Радојчиќ.