• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Борец доведе уште едно засилување. Нов член на тимот од Велес е 20-годишниот централен дефанзивец Онур Емини.
Младиот стопер потекнува од академијата на Шкендија, а во последната сезона настапуваше за Фортуна Скопје. Тој има настапи и во младинската Лига на шампиони во дресот на Шкендија.
Емини, веќе извесен период тренираше во Борец и одигра два контролни натпревари, во кои ги оправда очекувањата и доби договор од раководството на клубот.
Велешани се надеваат дека со доведувањето на Емини последната линија ќе добие на стабилност во битката за опстанок во ВМФЛ.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.