• Горан Упале

Екипата на Борец по само една година во Третата лига, се врати во второлигашкото друштво и раководството на клубот веќе работи на засилување на играчкиот кадар.
Пред извесен период претседателот на клубот Марјан Нацев соопшти дека клубот веќе договори три засилувања, а по Петар Јакимов, претставено е и второто ново име во клубот.
Матеј Цветановски е ново засилување на Борец. Тој доаѓа од Беласица, а претходно настапувашр во ФК Кул и Вардар. Цветановски ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред.
Новата сезона во Втората фудбалска лига почнува на 10 август.