• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Борец продолжува да го засилува својот ростер за пролетниот дел од шампионатот во кој тимот од Велес ќе брка опстанок во второлигашкото друштво.
Нов член на Борец е Бујар Хајдари, фудбалер кој има 22 години и би требало да претставува големо засилување во нападот на тимот. Во својата досегашна кариера Хајдари има настапувано уште за Скопје и Работнички.
Претходно во велешкиот тим пристигна голманот Матеј Андов од Охрид, а за нов тренер беше назначен Горан Симов.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.