Борец летна за Турција, десет дена ќе тренира во Анталија

Фудбалерите на Борец по стартот на подготовките во својот Велес се упати кон Турција и турстичкиот центар Анталија. 

Македонскиот прволигаш ќе мине десетдневни подготовки во втората фаза во пресрет на пролетната полусезона. Избраниците во полн состав утрово летнаа кон Анталија, а на тимот се приклучи и Октај Ракипи кој дојде од Шкендија. Засилување во стручниот штаб е и Горде Здравков.

Во Турција екипата од Велес ја очекуваат три пријателски средби. Првиот дуел на Борец е закажан на 17 јануари против унгарски МТК, а два дена подоцна, на 19 јануари тимот ќе се судри со Кашпи од Казахстан. Третиот приајтелски натпревар е закажан на 21 јануари, противник ќе биде Кабала од Азербејџан.

По десетте дена минати во Анталија, Борец ќе се врати во Велес и ќе ги комплетира подготовките пред стартот на втората полусезона.