ВИДЕО: Борец одигра доминантно, но „лавовите“ се извлекоа во Велес

Екипата на Борец и по седмиот натпревар пред својата публика останува непоразена во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПФМЛ), откако на денешниот меч во рамки од 14. коло одигра без победник против Македонија Ѓорче Петров (1-1).

Новајлијата во мак-елитата одигра фантастичен натпревар, го диктираше темпото речиси во сите 90 минути, креираше безброј шанси за освојување на трите бода, но немаше среќа во реализацијата, па така го запиша третото домашно реми оваа сезона. 

Дуелот на „Градскиот стадион“ во Велес започна со офанзивна игра на двете екипи, полушанси се редеа пред двата гола, а првото вистинско возбудување пристигна во 12. минута, кога Абаз биеше силно, но од блокот топката заврши во корнер. 

Неколку минути подоцна се закани и Коцев, но домашната мрежа прва се затресе. По една одлична тимска акција искусниот Боби Божиновски се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе шок за домашната публика и водство на Македонија Ѓорче Петров од 1-0. 

Примениот гол дополнително ги мотивираше велешани, кои како да сакаа да им се оддолжат на навивачите за големата поддршка од трибините и со сите сили тргнаа кон израмнување. Во 32. минута пречката беше сојузник на Јовановски, но гостинскиот чувар на мрежата во самиот финиш од првиот дел останаа без реакција по ударот на Прелчец и Борец се избори за 1-1 на полувреме. 

Домашните фудбалери во ист ритам го отворија вториот период. Брзата и одлучната игра на Борец им создаваше многу проблеми на „лавовите“, а Прелчец во 58. минута ја имаше првата шанса за нов погодок, но од полудесно биеше покрај противничкиот гол. 

Токму српскиот напаѓач кој ова лето го засили тимот од Велес повторно беше во центарот на вниманието, откако по една фантастична тимска акција не успеа да ја погоди целта, а потоа имаше неуспешен обид и со глава. 

Сепак, шансата на мечот му припадна на Абаз, кој во 70. минута мајсторски се ослободи од своите чувари имаше чист пат кон голот на Јовановски, но биеше превисоко и резултатот остана непроменет. До крајот избраниците на Михајлов имаа уште неколку изгледни шанси за победа, но повторно потфрлија во реализацијата, па мечот заврши со резултатот од првиот дел и поделба на бодовите. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11