• Горан Упале
Македонскиот вторлигаш Борец ќе добие нов тренер, трет од почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Велешани шампионатот го започнаа со Љупчо Димитковски, кој беше разрешен по само неколку одиграни кола. На негово место беше донесен младиот стратег Даниел Стојановски, но ниту тој не се задржа долго во Велес. Кумановчанецот по само еден месец и половина се раздели со Борец.
„Управата на ФК Борец 1919 и шефот на стручниот штаб Даниел Стојановски спогодбено се договорија за прекин на соработката. ФК Борец 1919 му благодари за досегашниот ангажман и му посакува успех во понатамошните тренерски води“, стои во објавата на Борец.
По единаесет одиграни кола во ВМФЛ Борец е на 15. место со само пет освоени бода.