Борец ѝ даде шест гола на Саса, Тиквеш го доби дербито со Кит-Го

Во 23. коло од Втората македонска фудбалска лига-Исток (ВМФЛ), немаше ниту едно реми и на сите пет меча се забележа победник. Фаворитот за влез во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Борец, забележа убедлива победа на домашен терен и со 6-0 славеше над Каменица Саса.

Тиквеш успеа да слави во дербито со Кит-Го од Пехчево (3-2), со головите на Ивановски, Ташков и Мојсов. За гостите погодија Андонов и Темелков.

Плачковица на домашен терен го декласира Вардар Неготино и му даде пет гола (5-0). На натпреварот имаше пет различни стрелци, а во мрежата на неготинчани погодуваа Рафески, Радојчиќ, Боневски, Нешовски и Петров.

Штипска Брегалница освои значајни три бода во дербито со Кожув (2-3) и сега е на втората позиција во ВМФЛ-Исток. На полувреме беше 1-1, а головите ги дадоа Иванов и Наумов, а во вториот дел, Велиновски и Христов погодија за штипјани, за предност од 1-3. Поразот го ублажи Шишков пред финишот од пенал.

Претходно, Детонит Јуниор беше убедлив и со 5-0 го декласира Партизан Обршани.