Борец го претстави првото зимско засилување, пристигна голман од Охрид

Екипата на Борец со нов тренер ја започна мисијата – опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Искусниот Горан Симев застана на чело на велешкиот тим кој имаше лоша полусезона и се наоѓа во црвената зона на табелата.

Клубот покрај назначувањето на новиот стратег, започна и со доведување на засилувања, а првото е Матеј Андов. Се работи за 23-годишен голман кој во Борец доаѓа од редовите на Охрид.

Велешани веќе ги започнаа подготовките за пролетниот шампионат кои ќе ги одработат на домашно тло, а веќе се закажани и неколку контролни натпревари. По првиот дел Борец се наоѓа на петнаесеттото место со само 5 освоени бода,

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.