• Горан Упале

По само една година во Третата лига, велешки Борец 1919 се врати во Втората фудбалска лига и раководството на клубот со засилено темпо работи на засилување на играчкиот кадар.
Пред извесен период претседателот на клубот Марјан Нацев соопшти дека клубот веќе договори три засилувања, а првото од нив е на голманската позиција. Нов член на велешани е младиот чувар на мрежата Петар Јакимов.
Минатата сезона Јакимов беше чувар на мрежата на Беласица како позајмен играч, а во Велес се сели од екипата на Работнички. Своевремено тој беше член на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Новата сезона во Втората фудбалска лига почнува на 10 август.