ВИДЕО: Борец доби повторен пенал - дали Стевковски ја напушти гол-линијата?

Мрежите на „Градскиот стадион“ во Велес долго мируваа, за во финишот да се случи вистинска драма. Македонија Ѓорче Петров има за што да жали, бидејќи со 2-1 загуби од Борец. Сепак, скопскиот тим промаши пенал, а велешани имаа многу среќа при нивното изведување на најстрогата казна. 

Спорен момент се случи при ударот од белата точка за домаќинот, а во главна улога беше помошниот судија. Прелчец ја презеде одговорноста за пеналот и изнуди одбрана на голманот Стевковски. Линискиот судија веднаш одмавна со знаменцето, бидејќи наводно чуварот на мрежата прерано ја напуштил гол-линијата и најстрогата казна беше преновена. 

  • Спорниот момент на натпреварот Борец - Македонија ЃП:

Стевковски го одбрани и повторениот обид на Прелчец, а потоа ја спаси и одбиената шанса, ама на топката налета Пеев и од четврти обид погоди за 1-0.