Борец има нова управа, доаѓа и помош од Тиквеш и од градот Велес

Екипата на Борец денес го имаше првиот собир со играчите на кој се најавија подобри денови за клубот и се подаде рака во битката за опстанок.

Велешани имаат нова управа, зад Борец застануваат Академија Нацев и ФК Кул од Скопје. Марјан Нацев ќе биде претседател на клубот, а во управата ќе биде и Рацо Цветановски како директор.

Борец ќе добие помош и од прволигашка екипа, тоа е ФК Тиквеш, кој ќе му отстапи неколку фудбалери за првиот тим, во битката за опстанок. Најавена е и помош од Град Велес во следниот период.

Борец во моментов е последен во ВМФЛ без ниту еден освоен бод.