Борец демантира разделба, Николоски отсутен поради здравствени причини

Екипата на Борец се огласи и тврди дека Јане Николоски останува тренер на екипата, иако претходно проструија информации дека тој е сменет и дека ќе се бара негов наследник.

Николоски по доаѓањето нема победа. Велешани имаат пет порази во серија, но и покрај тоа тренерот ја доби довербата од управата. Од Борец велат дека тренерот ќе биде отсустен во следниот период поради здравствени проблеми.

Се очекува Николоски да се врати на клупата по седум дена. Доколку тоа се потврди, тој ќе пропушти две средби во ПМФЛ. Борец е претпоследен во ПМФЛ со осум бода и е тимот со најлоша форма во последните пет кола.