ВИДЕО: Бордо и Нант одиграа без голови и потфрлија на отворањето од Лига 1

Екипите на Бордо и Нант ги поделија бодовите и одиграа реми без голови (0-0) на отворањето од француската Лига 1. Средбата на „Матмут Атлантик“ не ги оправда очекувањата бидејќи тимовите потфрлија и одиграа здодевен меч. 

  • Извештај од натпреварот:

Уште на самиот старт, домаќинот остана со десетмина на теренот, откако во 20. минута Мехди Зекране доби директен црвен картон поради остар старт и го остави својот тим на цедило. 

Иако Нант кој беше во бројчана предност ја презеде иницијативата, одбраната на Бордо беше одлично поставена пред голот на Костил. До паузата екипите имаа по неколку полушанси пред двата гола, но ништо посериозно и тешко за одбивање. 

По паузата за полувремето, средбата загуби на интензитет. И Бордо и Нант се обидуваа да дојдат во изгледна можност пред голманите, но никако не успеваа во своите намери. Недостатокот на натпревари и долгата пауза беа очигледни, па тимовите беа инфериорни во фазата на нападот, но добро поставени во одбраната и ги поделија бодовите. 

Бордо во следното коло гостува кај Анже, додека Нант ќе го пречека Олимпик Ним