ВИДЕО: Бордо блиску до опстанок, крај на добрата серија за Рен

Бордо

Бордо ја прекина серијата порази во вистински момент и го надигра Рен (1-0) за да остане во игра за опстанок во Лига 1.

  • Извештај од натпреварот:

Почетокот на мечот донесе рано исклучување на Стивен Н'Зонзи. По разгледувањето на ВАР-снимката, судијата го потврди црвениот картон, кој донесе домашна предност. 

Три минути подоцна Секу Мара го постави конечниот резултат. По една убава акција, Бордо стигна до предност и успеа да ја одбрани до крајот, против ривалот кој важеше за фаворит на хартија.

Најголема шанса за Рен имаше Џереми Доку, но сепак домашниот голман со прекрасна интервенција. Гостите имаа повеќе од играта, поседот беше на нивна страна, а уште еден добар обид имаше Ашер, кој со глава шутираше над пречката.

Овој пораз за Рен е чекор назад во борбата за излез во Европа, со оглед на лошите резултати на директните ривали.