Борче Постолов ќе раководи со младинските погони на „пандевци“

Фудбалскиот работник Борче Постолов доби нова функција и од денес е поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев.

Иако изминатите месец дена беа динамични со промените во сениорскиот тим, сепак паралелно се работи и на подигање на квалитетот на младинската школа на уште поголемо ниво.

За таа цел во наредниот период организацијата во младинската школа ќе ја има Борче Постолов, кој во изминатите десет години со фудбалската школа Академија Постолов-Пандев која е филијала на Академија Пандев во Штип, постигна одлични резултати

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк