• Мартин Танасковски

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го одреди домаќинот на завршниот Ф4-турнир во Лигата на нациите каде ќе се решава прашањето за титулата.
Завршниот турнир е закажан во Холандија. Градови-домаќини ќе бидат Ротердам и Енсхеде, иако како опција стоеше најголемиот Амстердам.
Натпреварите ќе се играат од 14 до 18 јуни. Ќе има две полуфиналиња, финале и меч за трето место.
Учесници на завршниот турнир во Лигата на нациите се Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.