Борба за „златната копачка“ на ЕП, еве кои се најголемите фаворити

Еп

Европската фудбалска јавност во наредниот месец ќе го насочи фокусот кон турнирот кој ќе се одигра во 11 различни градови ширум стариот континент.

Португалија ќе ја брани европската титула од пред три години. За првпат ќе ја гледаме и Македонија, која заедно со Финска ќе дебитира на големата сцена.

Кога се во прашање најголемите фаворити за трофејот, се истакнуваат Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија, Португалија...

Обложувалниците ги открија и имињата на голгетерите кои ќе атакуваат на „златната копачка“, односно титулата најдобар стрелец на првенството.

На врвот е Ромелу Лукаку пред Хари Кејн, Кристијано Роналдо, Килиан Мбапе, Карим Бензема, Мемфис Депај, Чиро Имобиле, Роберт Левандовски...