Борац не го дава „Шиле“, македонскиот голман останува во Бања Лука!

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, официјално ја продолжи соработката со Борац од Бања Лука, каде настапува веќе две сезони. 

Чуварот на мрежата се обврза на нова соработка, со што ја потврди верноста кон тимот кој во моментов е убедлив лидер во босанското првенство. 

31-годишниот Шишковски во Борац е заедно со новиот македонски репрезентативец, Себастијан Херера, што значи дека двајцата наскоро ќе му се стават на располагање и на селекторот Гоце Седлоски. 

Македонија се среќава со силната Данска во плеј-офот за Светското првенство. Новиот договор на Шишковски со Борац е со важност до истекот на следната сезона. Голманот досега забележа вкупно 23 настапи во дресот на славниот босански прволигаш.