• Мартин Танасковски
Екипата на Борац од Бања Лука ќе има двајца македонски фудбалери во тимот во претстојната сезона во Конференциската лига на УЕФА во која клубот ќе игра за првпат во историјата.
Меѓу регистрираните играчи се голманот Дамјан Шишковски и играчот од средниот ред Бобан Николов. Двајцата ќе му бидат на располагање на тренерот Младен Жижовиќ кој сега го води тимот од Бања Лука, а претходно беше тренер на Шкупи.
На списокот на играчи се наоѓа и Себастијан Херера, дефанзивецот од Колумбија кој има македонски пасош и долги години играше за Работнички во Првата македонска фудбалска лига.